Глобалната мрежа на независни ПР агенции Eurocom Worldwide ја сертифицираше агенцијата Visicom PR, која е со седиште во Загреб, за свој партнер во Хрватска, Словенија и Србија.
Eurocom Worldwide е здружение од 33 независни комуникациски агенции во подрачјето на технологијата, индустријата и комерцијалниот сектор, со претставништво во 55 светски метрополи, кои застапуваат повеќе од 1000 клиенти на пет континенти.
Крешимир Петковиќ, директор на агенцијата VisicomPR која покрај во Хрватска, работи и во Србија, Словенија, Унгарија и Грција по повод овој договор изјави: “Со големо задоволство стануваме дел од глобалната мрежа на Eurocom Worldwide преку која ќе го застапуваме регионот во најдобрата мрежа на независни агенции на полето на B2B работењето и технологијата. Ова партнерство е потврда за нашите повеќегодишни вложувања во квалитетот на услугите и фокусот на регионалниот пазар“
Извор: Media-Marketing