Агенцијата за надворешно огласување Europlakat од Словенија, воведе напреден видео симулатор кој дизајнира надворешен оглас и им овозможува на огласувачите да ја оценат применетоста на креативните решенија од различен формат во реални услови…
Како што вели Thomas Žontar, раководител за развој на услуги и иновации во Europlakat, развојот на напредниот видео- симулатор траел речиси половина година, бидејќи користеле видео квалитет 4K, снимен на патиштата и улиците на Љубљана, како би се овозможило преглед на увезените стандардни формати, (ЈPEG, PNG, PDF) во реално време и во опкружување со различна оддалеченост.
Алатката овозможува и фото снимање и споделување на видеото. „Оваа година планираме да додадеме и нови снимки на реални ситуации во различни временски услови – снег, дожд, сонце, и да, можеби звучи нескромно, планираме да го прошириме користењето на симулаторот на странските пазари во групата JC Decaux“, изјави за плановите Žontar.
За техничката страна на спроведувањето, заслужен е IT тимот на компанијата Specto, на чело со Matic Raztresen, а во соработка со Jože Rožman и Aljaz Kraševec. „Со постоечката технологија симулаторот е речиси невозможно да се направи, па Matić и неговиот тим решението мораа да го развијат на нова “, изјави Žontar.
Како функционира симулаторот можете да видете на simulator.europlakat.si
Ние испробавме и еве го нашето видео покрај “нашиот“ метролајт :
http://simulator.europlakat.si/?step=4&file=img/crop/croppedImg_1461652863.jpeg&type=rotonda