Водечкиот светски сателитски оператор Eutelsat и најголемиот настан од ТВ индустријата во регионот, New Europe Market, го продолжуваат своето партнерство и идната година, па така Eutelsat по четврти пат ќе присуствува на NEM како дијамантски спонзор.
Eutelsat ја препозна вредноста на овај настан во CEE регионот уште на NEM во 2013 година, кога за прв пат го поддржа New Europe Market со дијамантско спонзорство. Секоја година Eutelsat ја презентира најновата и сеуште невидена технологија, водечкиот кадар на сателитската индустрија и одлични можности за вмрежување на NEM, а што можеме да очекуваме во текот на NEM 2016 ќе дознаеме во јуни.
“Одушевени сме што по четврти пат се враќаме на NEM како дијамантски спонзор. NEM ги премина границите на регионален настан, сега е глобален. Во овие четири години стана меѓународно признат и стекна добра репутација и со нетрпение чекаме да откриеме што оваа година NEM подготвува за медиумската индустрија!
Eutelsat е мост помеѓу провајдерите на содржини и DTH платформите, кабелските и OTT / IPTV оператори. Заедно создаваме интерактивна платформа на која провајдерите наоѓаат решенија за дистрибуција. Им посакуваме добредојде на сите свои партнери, пријатели и нови учесници на NEM во Дубровник, и се радуваме на средбата во јуни ” – изјави Apostolos Triantafyllou, виш потпретседател за продажба за Германија, Австрија, Швајцарија, Централна и Источна Европа, Израел, Кавказ и Централна Азија.
После исклучително успешното трето издание, NEM продолжува да расте и да се развива, па и идната година на учесниците ќе им овозможи несекојдневни бизнис прилики. Членовите на менаџментот и управата на најголемите светски медиумски компании ќе се соберат во хотелот Dubrovnik Palace на настан кој има за цел промовирање на потенцијалот и можностите кои ги овозможува регионот на Средна и Источна Европа. Од менаџери и членови на управа на телевизиски компании, оператори од целиот регион, продуцентски елити, па се до водечки компании за анализа и технологија, но и самите ѕвезди, целата телевизиска индустрија се собира на NEM.
За повеќе информации за панелите, панелистите, спонзорските и networking приликите, следете го настанот и на социјалните мрежи: Facebook , Twitter , LinkedIn , YouTube .