Паралелно со одигрувањето на Мастерс турнирот во голф во Августа, САД, американската телекомуникациска компанија AT&T ја лансираше својата нова кампања “Push What’s Possible”, за која ангажираше низа на познати личности.
Во серијалот од неколку хумористични спотови, ги гледаме актерката Ева Лонгорија, комичарот Колин Џост, поранешната кошаркарска ѕвезда Чарлс Баркли и музичарот Ник Џонас, како ја користат импресивната 5G мрежа и други технологии на AT&T за да ги подобрат своите голферски вештини.
Кампањата беше реализирана со помош на креативната агенција BBDO од Канада.