Минатата недела беа доделени наградите Epica, кои ги наградуваат најинспиративните креативни проекти во светот од перспектива на професионалните новинари кои ја следат креативната индустрија.
На наградната церемонија беа прогласени добитниците на 10-те Grand Prix награди, како и на специјалните награди за агенција и агенциска мрежа на годината, кои можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.
Во продолжение Ви ги претставуваме сите добитници на Epica Awards 2024 од балканскиот регион:
Бугарија
Агенцијата PUBLICIS EAD освои бронзена награда во категоријата “Best Use of Sound” за кампањата „400 tests“ создадена за клиентот Porsche BG и брендот Audi.
Хрватска
Агенцијата Bruketa&Zinic&Grey освои бронзена награда во категоријата “Publication Design” за кампањата „A soup to remember“ за клиентот Marodi.
Грција
Агенцијата Danae Zanthaki освои бронзена награда во категоријата “Packaging Design” за кампањата „Electra“ за огласувачот Intersonik Recordings.
Унгарија
Агенцијата MMS Communications Hungary освои златна награда во категоријата “Radio Advertising” за кампањата „Gen Z-ear“ за огласувачот Samsung.
Агенцијата DDB Hungary освои сребрена награда во категоријата “Illustration” за кампањата „Arches of Hunger“ за огласувачот McDonald’s.
Агенцијата MEDIATOR GROUP освои бронзена награда во категоријата “Public Interest – Health & Safety” за кампањата „Refuse Cup“ за огласувачот Cup Revolution.
Словенија
Агенцијата Digital Da Vincis освои сребрена награда во категоријата “Recreation & Leisure” за проектот „Alternate Re[AI]lity: Computer history circa 1890“ за огласувачот PEEK&POKE Computer Museum од Ријека, Хрватска.
Агенцијата McCann Ljubljana освои бронзена награда во категоријата “Financial Services” за кампањата „Un/Accessible Slopes“ за брендот Mastercard.
Турција
Агенцијата CONCEPT освои сребрена награда во категоријата “Branded Content – Product & Brand Integration” за кампањата „Allianz Türkiye – ELLE Muayene (Self-Exam Handbook)“ за огласувачот Allianz Türkiye. Истата агенција освои уште една сребрена награда во категоријата “Promotions & Incentives” за кампањата „İKSV – Un_Till The End“ за 43. издание на Филмскиот фестивал во Истанбул.
Агенцијата Ingage освои сребрена награда во категоријата “Online Ads” за кампањата „Beko Inheritance“ за брендот Beko.
Агенцијата VML Türkiye освои две бронзени награди во категориите “Health & Beauty” и “Product Design” за кампањата„FitBowl“ за брендот Karaca Home.
Целосната листа на добитници на златни, сребрени и бронзени награди на Epica Awards 2024 е достапна на следниот ЛИНК.