Најдобрите креативни идеи, најдобрите креативни тимови и најдобрите индивидуалци на овогодинешното, „обновено“ натпреварување на Golden Drum беа прогласени за време на Големата наградна церемонија која се одржа во петокот, 15 октомври 2021.
Втора година по ред, Publicis Italy од Милано беше прогласена за Агенција на годината, придонесувајќи кон вкупниот успех на Publicis која освои најмногу поени и беше прогласена за Агенциска мрежа на годината.
Наградата за Независна агенција на годината отиде во рацете на Voskhod од Екатеринбург, Русија.
Најдобриот бренд кој остави печат на 27. издание на фестивалот, освојувајќи ја Brand Grand Prix наградата, беше Burger King, со вкупно добиени 2 Grand Prix награди, 6 златни награди, 4 сребрени и 2 бронзени награди во различни категории. Јорг Риоми, Едуардо Маркез и Бруно Бертели, креативните автори позади кампањата “Moldy Whopper” на Burger King, беа прогласени за Креативни директори на годината.
Наградата “Best of Genius Loci” – која ги слави локалните кампањи кои најдобро го претставуваат својот локален дух, беше доделена на Publicis Latvia за кампањата “#StillSpeakingUp DeepTruth”, создадена за клиентот Propuesta Civica. Наградата “Best of Social Good” – која ги слави општествено корисните акции, беше доделена на агенцијата White Rabbit Budapest за кампањата “Terms Against Bullying”, создадена за непрофитната организација Universidade de Madeira. Жирито не ја додели наградата “Best of COVID-19“.
Најуспешната кампања од Јадранскиот регион, која ја доби специјалната награда “Јадранска агенција на годината”, беше кампањата “Thank you, Doctors” на UM Beograd, дел од McCann Beograd.
Најдоброто видео во натпреварот за млади креативци “Young Drummers”, претставено во соработка со Словенечкото туристичко биро, беше Imagine Slovenia, создадена од страна на Дмитри Шаров од Русија.
Џејсон Ромејко, глобалниот извршен креативен директор на Serviceplan Group, беше воведен како најнов член во Golden Drum Hall of Fame – избрана група на визионери и сонувачи кои храбро и страствено се бореле за прогресот на креативната индустрија.
Овогодишното, 27. издание на Golden Drum не успеа да ја зголеми поддршката само од креативниот свет, туку и од брендовите кои продолжуваат да инвестираат во креативната сфера на бизнисот. Посел една година пауза, поради глобалната пандемија, фестивалот се врати со 25% пораст во бројот на пријавени кампањи за обновеното фестивалско натпреварување.
Жири-комисиите составија потесен избор од 271 креативни дела и вкупно доделија 46 бронзени награди, 41 сребрени награди, 30 златни награди и 14 Grand Prix награди, низ различни групи и категории. Освојувачите на награди добија нови еко-одржливи трофеи направени од еколошки материјали – природни и рециклирабилни елементи.
Честитки за сите победници!
Сите наградени креативни дела може да се погледнат на следниот линк.