Ова е интересно време кога е во прашање маркетингот на социјалните мрежи, а големите брендови, како и помалите компании, не е лесно да се истакнат во дигиталната бучава, а не да не издвојат голема сума на пари за маркетинг кампањи, како и за графички дизајн и видео продукција.
И покрај фактот што социјалните платформи постојано еволуираат, комуникацијата “еден на еден” се` уште игра важна улога кога е во прашање маркетингот, особено кога ќе се земе во предвид дека маркетинг содржините нема да достигнат до голем број на потенцијални клиенти, ако за кампањата не се одвојат значајни суми на пари.
Во последните две години, Инстаграм привлече голем број креатори на содржини односно создаде поволно тло за маркетинг кампањи и покрај тоа што многумина верувале дека тоа ќе биде Снепчет. Денес помалку од 10% од професионалците користат Снепчет за бизнис цели, па иако оваа платформа се уште не е мртва, не дава многу простор за маркетинг кампањи, освен ако не се работи за целна група на корисници на возраст од 13-24 години.
Најлесен начин да дојде до локалните клиенти, било која работа да е во прашање, е преку Facebook ads и експертите препорачуваат дека за кампања на оваа платформа треба да се издвои најмалку 300 долари месечно или 10 долари на ден, со цел содржината да стигне до вистинската публика. Бидејќи во последно време е мал бројот на корисници кои гледаат некоја Фејсбук страница на дневна основа, Facebook ads веќе не е само опција, туку нешто што е неопходно.
Современите технолошки алатки, како четботовите, првенствено се наменети за оние кои не се подготвени да инвестираат во професионален менаџер за социјални мрежи. Па така, заинтересираните во рамките на Messenger на својата Фејсбук страница, може да се подесат бот асистент за неколку минути и тоа бесплатно, а кој автоматски одговара на пораките во случаите кога администраторите на страницата не се во можност.
Така промените кои се случуваат во контекст на социјалните платформи бараат од огласувачите да ги прилагодат своите кампањи, односно еволуцијата непрекинато продолжува и бара маркетинг стручњаците да бидат информирани, односно подготвени брзо да реагираат.