Во споредба со првиот квартал, растот на индексот е намален во вториот квартал од 2018 година
По порастот во првиот квартал, индексот на доверба во бизнисот падна во мал процент во вториот квартал. На промените во резултатите укажува најновиот индекс на европските огласувачки промени, објавен од страна на Европската асоцијација на комуникациски агенции (EACA).
Најновите истражувања покажува дека индексот во огласувачката индустрија е намален за 0,6 бодови: од +8,5 во првиот квартал на +7,9 во вториот квартал. Сепак, индексот е сè уште позитивен.
Понатамошниот пад на индексот е лимитиран со активноста во Обединетото Кралство, кое има најголем удел на огласувачкиот пазар во Европа. Активноста во Велика Британија забележа голем раст, со 0 бодови во првиот квартал, на +24,8 во вториот квартал, а се очекува дека побарувачката за огласување во Велика Британија ќе се зголеми за 29,9 бодови (од 17,5 на +47,4 меѓу првиот и вториот квартал).
Потоа, голем напредок забележале земјите од Југоисточна Европа: Хрватска (+21.5) и Словенија (+37.2, што е најголем раст од сите земји). Од друга страна, повеќе од половина од земјите во кои се мери активноста, забелажиле понизок индекс во споредба со претходниот квартал. Земји со најголем пад се Кипар (пад од 23,9 бодови), Грција (пад од 22,1 бодови, што е најниско ниво на активност од сите земји со 27,7) и Шпанија (пад од 20,2 бодови). Медитеранскиот регион покажува најсилен пад на индексот на деловна клима во категориите на побарувачка, цени и можности за вработување во огласувачкиот и маркетинг-сектор.
Подетални истражувања за вториот квартал во 2018 година, погледнете овде.