Европската комисија подготвува нацрт на европски закон со кој се обезбедуваат гаранции за независност на издавачките куќи од политичките власти и корпоративните гиганти.
Претставници на комисијата предупредуваат дека некои земји-членки сакаат да можат да влијаат врз медиумите и тие ќе тврдат дека комисијата сака да им ја узурпира моќта.
Законот за слободата на медиумите се очекува официјално да биде претставен од Европската комисија во скоро време.
Комисијата очекува ваквиот закон да ја регулира концентрацијата на медиумска сопственост и да ги заштити новинарите од притисоци.
Во прелиминарната верзија се наведува дека вистинските сопственици на медиумите треба јасно да бидат соопштени. Ова ќе ѝ овозможи на ЕК да покренува правни постапки на европско ниво во случај на непочитување на регулативата.
Меѓу останатото, предлог-законот предвидува и заштита на доверливоста на изворот на информации и забрана за вршење електронски надзор со користење на шпионски софтвер врз новинарите и нивните семејства.