Комисијата ги охрабрува земјите-членки да го ограничат рекламирањето и достапноста на овие прехранбени производи во образовните институции и пошироко.
Европската комисија ја усвои првата сеопфатна стратегија на ЕУ за правата на децата и предлог препораката до Советот за воспоставување европска гаранција за децата.
Стратегијата за правата на децата се фокусира на шест содржински единици. Посебно внимание се посветува на поддршката на децата за безбедно користење на услугите во дигиталното опкружување. Комисијата најавува дека ќе креира препораки за добра пракса и кодекс на однесување за да се намали изложеноста на децата на интернет рекламирање на прехранбени производи со висока содржина на маснотии, шеќер и сол.
Притоа, ги повикува ИТ компаниите да ги зајакнат мерките за заштита на децата од штетна содржина и несоодветно рекламирање, вклучително и преку можност за блокирање на одредени канали и идентификување на возраста на корисниците.
Во овој контекст, Комисијата ги охрабрува земјите-членки да го ограничат рекламирањето и достапноста на прехранбени производи со висока содржина на маснотии, шеќер и сол во образовните институции и пошироко.