Технолошките гиганти Microsoft и Apple добија прелиминарен преглед на истрагите против нив од страна на Европската комисија, која ги обвинува за ограничување на конкуренцијата.
Извршното тело на Европската Унија во своите првични заклучоци го обвинува Apple дека ги спречува девелоперите на апликации да ги насочуваат корисниците кон алтернативни извори на содржини.
Во соопштението на Комисијата се вели дека според Законот за дигитални пазари на ЕУ, програмерите кои ги дистрибуираат своите апликации преку App Store на Apple треба да можат слободно да ги информираат своите клиенти за алтернативни и поевтини опции за купување, да ги насочат кон тие понуди и да им дозволат да ги купуваат.
Европската комисија потоа го извести Мајкрософт за своето прелиминано согледување дека компанијата ги прекршува европските антимонополски правила со тоа што ја врзале апликацијата за комуникација и соработка Teams со нивните популарни бизнис пакети Office 365 и Microsoft 365.
Комисијата е загрижена дека Microsoft може да ја злоупотребува и брани својата позиција на пазарот со ограничување на конкуренцијата во Европската економска област за комуникациски и колаборациски производи.