Уште минатата година, Европската централна банка потврди дека работи на изготвување дигитално евро, а веќе мината недела по повод 20-годишнината од воведувањето на еврото како валута беше најавено дека предлог-законот за дигитално евро ќе биде поднесен на почетокот на следната година.
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, дека европската криптовалута нема да ја замени готовината, туку ќе биде нејзино надополнување.
Европската централна банка веќе работела на интерни тестирања за дигиталното евро, а следниот месец треба да се одржи јавна расправа за негово озаконување. Се очекува дека првиот функционален прототип и предлог-закон ќе бидат објавени во 2023 година, а доколку сите тестови се покажат позиттивни – дигиталните евра за граѓаните и бизнисите може да се очекуваат најрано во 2025 година.
По изгласувањето на поднесениот предлог-закон во Европскиот парламент, дигиталното евро ќе треба да биде потврдено и од парламентите на земјите-членки.
Дигиталното евро, како и секоја криптовалута, нема да има физичка форма и ќе егзиситра онлајн. Со него ќе управува Европската централна банка и ќе се користи за трансакции во евро-зоната. Дигиталното и физичкото европ ќе продолжат да се употребуваат напоредно.
Еврото како валута беше воведено за прв пат во 2002 година, кога 12 држави-членки на Европската Унија ги заменија своите национални валути со него. Денес, еврото го користат 19 држави.