Меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum со задоволство најавува дека на овогодишното издание ќе гостува и Даниел Кабаи – директор за креативна стратегија на стриминг платформата Netflix за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка.
Tимот кој го предводи Даниел Кабаи има задача да развива стратегии базирани на податоци, но и привлечни креативни дела и видеа за сите серии и филмови кои потекнуваат од регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка, со цел им помогне на корисниците да откријат нови содржини на Netflix кои што со задоволство ќе ги гледаат.
Пред да се приклучи на Netflix, Даниел Кабаи ги водел внатрешните креативни тимови на Paramount во Будимпешта и Варшава, надгледувајќи го создавањето на наградувани креативни кампањи и брендирањето за каналите Comedy Central, Paramount, Nickelodeon и MTV во регионот на Централна и Источна Европа.
Овогдишното, 29. издание на меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum ќе се одржи на 9 и 10 октомври во Grand Hotel Bernardin во крајморскиот град Порторож во Словенија. Картите за учество на фестивалот можат да се резервираат на следниот линк.
За сите креативни агенции и студија кои сакаат да се вклучат во натпреварувачкиот дел на фестивалот, организаторите потсетуваат дека преостануваат уште само 10 дена за пријавување на своите креативни кампањи (до 21 август 2023 година). Повеќе информации за натпреварот можат да се најдат на овој линк, а пријавувањето се врши преку специјална веб-страница на следниот линк.