Две клучни групи на пратеници во Европскиот парламент постигнале договор за да ја стават на гласање првата регулатива за вештачка интелигенција на Европската Унија.
Наречен Закон за вештачка интелигенција, новата регулатива ќе има за цел да постави заштитни огранучувања за технологијата што се користи во широк опсег на индустрии, вклучувајќи го банкарството, автомобилството, електрониката, авиокомпаниите, па дури и безбедносниот сектор.
Предложените правила исто така ќе ги регулираат темелните модели на генеративна вештачка интелигенција, кои што претставуваат системи со вештачка интелигенција обучени врз основа на голем број податоци со способност да учат од нови податоци за да извршуваат различни задачи.
Сите земји-членки го поддржаа политичкиот договор, а последната беше Франција која успеа да обезбеди отстапки за да го олесни административниот товар на високоризичните системи со вештачка интелигенција и да понуди подобра заштита за деловните тајни.
Гласањето на законот во Европскиот Парламент се очекува да се случи во март или април.