Агенциската мрежа McCann Worldgroup соопшти дека нивниот претседател за Европа и Обединетото Кралство, Марк Лунд, одлучил да се повлече од функцијата кон средината на мај.
Од агенцијата соопштија дека Лунд сакал да се посветина на „други цели“, различни од постојаното извршно директорување. Агенцијата исто така посочи дека неговиот наследник ќе биде именуван „навремено“.
Марк Лунд за прв пат де приклучил на McCann во 2014 година. Претходно, работел во Central Office of Information – маркетинг агенцијата на британската владе, каде ја извршувал функцијата извршен директор. Тој е исто така еден од основачите на агенцијата Delaney Lund Knox Warren, денес позната под името MullenLowe.
По повод своето заминување, Лунд изјави: „Ова се чини како крај на едно големо поглавје. Работејќи со таква група на брилијантни и колаборативни луѓе во McCann Worldgroup во изминатите седум години беше прекрасна привилегија и јас сум многу горд за тоа што успеавме да го постигнеме заедно. Времето е сега правилно за мене да се фокусирам на портфолио на не-извршни улоги, како на повеќе учење и патување“.
Претседателот и генерален извршен директор на McCann, Крис Макдоналд, коментираше: „Сакаме да му се заблагодариме на Марк за сите негови придонеси за нашата компанија, нашите луѓе и заедницата. Марк изгради фантастичен тим и заедница низ целиот регион и тоа доведе до голем успех и признание за нашите клиенти и нашата мрежа. Марк беше огромен пријател и партнер и повторно сакам лично да му се заблагодарам и да му посакам многу среќа во следното поглавје“.