Врховниот Европски суд на правдата донесе одлука дека Фејсбук треба да го цензурира говорот на омраза на сите корисници на оваа апликација во Европската Унија
“Законот на ЕУ не спречува давател на услуги како Фејсбук да отстрани идентични и, во одредени околности, еднакви коментари претходно прогласени за нелегални“, се вели во соопштението на Европскиот суд на правдата.
„Правото на ЕУ не спречува таквата забрана да дава ефекти ширум светот, во рамките на релевантното меѓународно право кое земјите-членки мораат да го почитуваат“, се додава.
Фејсбук претходно соопшти дека случајот се заканува на слободата на говорот преку интернет, затоа што според сегашната структура, една земја може да бара од компанијата да избрише материјали и во други земји.