Со цел усогласување со промените во регулативата на Европската унија до 28 август 2023 година, социјалната мрежа TikTok во голема мера го менува начинот на кој функционира нивната апликација.
Најзначајна од овие промени ќе биде можноста на европските корисници да одлучат дали сакаат да имаат пристап до персонализираната страница „За вас“ (“For You”), која на алгоритмот му овозможува да препорачува видеа врз основа на личните преференци и навики на корисниците во консумирањето на содржини.
Само на корисниците во Европската унија ќе им биде дозволено да ја оневозможат персонализацијата – што ќе значи дека страницата For You ќе биде исполнета со видеа популарни на нивната локација наместо специјално приспособена содржина во која уживаат другите корисници ширум светот.
Профилите во ЕУ сè уште ќе можат да пристапуваат до секциите „Following“ и „Friends“, но објавите сега ќе се прикажуваат по хронолошки редослед наместо врз основа на нивната популарност.
Овие промени даоѓаат како резултат на одредбите од Законот за дигитални услуги на ЕУ кои диктираат дека големите онлајн платформи треба да овозможат „алтернативни опции кои не се засноваат на профилирање“.
Дополнително, ЕУ ќе добие нова опција за „пријавување“ што ќе им овозможи на корисниците да ги означат видеата за кои сметаат дека не треба да се наоѓаат на страницата. Ако со покаже дека објавата не ги прекршила општите правила на платформата, нов посветен модераторски тим ќе ја разгледува „пријавата“ за да утврди дали содржината прекршила некој од регионалните закони.