Реалната потрошувачка на домаќинствата по глава на жител во првиот квартал од 2020 година во земјите од еврозоната, падна за 3 процентни, а на подрачјето на целата ЕУ за 2,9 процент, објави Европската канцеларија за статистика, Евростат.
Наведено е дека ова е период кога на сила беа широки мерки за заштита од ширењето на вирусот COVID19 и дека станува збор за најголем пад на потрошувачката на домаќинствата во ЕУ од 1999 година и почетокот на мерењето на таквата статистика.
Евростат наведува дека во истиот период имало зголемување на бруто расположливиот приход кај домаќинствата во Еврозоната за 0,9 проценти, а на ниво на ЕУ за 1,2 проценти.
Објаснето е дека на зголемувањето на приходите позитивно влијаело намалувањето на тековните даноци и нето социјалните давачки, но и зголемувањето на социјалните исплати на државата.
Во првиот квартал на 2020 година, стапката на заштеда на домаќинствата во Еврозоната и ЕУ се зголеми за 4,3 проценти во однос на четвртиот квартал од 2019 година.
Најголем пораст е забележан во Белгија, Данска и Холандија, а најмал во Полска, Шведска и Чешка.
За сите држави членки, освен за две, зголемувањето на стапката на заштеда е објаснето со силно намалување на индивидуалните трошоци.
Падот на индивидуалната потрошувачка на домаќинства е најизразен во Италија, Шпанија и Белгија, а потоа следи Франција.
Истовремено, бруто расположливиот приход се разликуваше, зголемувајќи се во Полска, Данска, Чешка, Ирска, Холандија и Финска, а се намалувајќи се во Шпанија, Италија, Португалија, Германија и Австрија, пренесува Евростат.