„Да остенеме чисти“, е пораката на големата национална кампања во Србија за чист живот без наркотици, која ја започна фондацијата EXIT со поддршка од Министерството за здравје и Телеком Србија, како и креативниот концепт на агенцијата McCann Белград и поддршка на агенцијата Drive
Целта на кампањата #StayClean е на еден забавен и крајно уникатен начин да ги насочи младите кон едукативна содржина за штетноста од употребата на наркотици, која на официјалниот сајт Stayclean.rs ја обезбеди Комисијата за борба против злоупотреба на дроги во училиштата. Прашањето “Дали знаете од каде доаѓа вашата роба?”, на еден храбар и интересен начин го подигнува вниманието на јавноста за штетните последици од употребата на дроги, но исто така, за исклучително нехигиенското криумчарење поради кое секој треба да се запраша дали ова е нешто што навистина го сака во својот живот.
Кампањата нуди голем број на корисни и исклучително разбирливи информации за негативните ефекти на разните наркотици врз менталното и физичкото здравје, како и многу други содржини, вклучувајќи забавни видео игри кои прикажуваат во какви делови од телото, крајно нехигиенски се пренесуваат наркотици.
Според податоците од истражувањето, во Србија се регистрирани повеќе од петстотини зависници од дрога кои започнале со лекување. Просечната возраст кога се почнува со експериментирање со дрога, најчесто марихуана, е 16 години, а просечната возраст кога се почнува со употреба на хероин е 21 година. Загриженува и податокот од најновата студија, според која во Србија се евидентирани 89 смртни случаи поврзани со употребата на дрога, а епидемиолошките податоци укажуваат дека просечната возраст на зависници од хероин кои се лекуваат е околу 33 години. Затоа, целта на кампањата #StayClean е да се дејствува превентивно, пред се` на младите луѓе кои се уште не се корисници на наркотици, како и на оние кои се корицници, да се одвратат од употребата на дрога пред да станат дел од мрачната статистика.
Фондацијата ЕГЗИТ, како двигател на оваа иновативна борба за чист живот без дрога, на фестивалот ќе понуди бројни содржини од кампањата #StayClean за сите свои посетители. На овај начин, Егзит ќе им се обрати пред се` на младите на еден непосреден начин, со цел да се информираат за овие важни општествени прашања и на крајот, како што вели кампања, да останат целосно чисти.