Знаете веќе што значат ѕвездичките.
Google го купи YouTube на крајот на 2006-тата година.
Google го создаде Google+ социјалниот медиум во 2011-тата како своевиден одговор на Facebook.
Како сервис број 1 за споделување видеа во интернет просторот, минатата недела YouTube доби освежување во делот на коментирање приклучувајќи го G+ како алатка при подобро сортирање на дадените коментари. И создаде хаос.
Според официјалното соопштение, YouTube го промовира системот на коментирање што би требало да го намали негативитетот во нив и го пополни со коментари од G+. Google во целиот овој процес кој трае со месеци, ги интегрира сите свои сервиси под еден чадор. Јавноста не е воодушевена од овие чекори. Напнувањето на Google да се користи G+ повеќе донесе повеќе лошо него добро.
Едно од најдобрите начини генералната публика да се спротистави е да го искористи истиот YouTube сервис. Паметно. Кликнете на сликата за да го видете виралното видео на Ема Блекери која што го пее на укулеле она што сите го мислат:
Дали Google со настојувањето да го припои G+ кон сите свои сервиси впрочем создава ситуација на “неканет гостин”? За да коментирате на било кое видео, Вам ви е потребен G+ профил, сакале или не. А, за да имате G+ профил, Вам ви е потребен Gmail профил. Магично.
Дали брендот Google се вообрази и почна да не ги слуша своите корисници кои што го воздигнаа на она ниво што е сега?
Дали како маркетинг специјалисти Вие би го користеле овој принцип?