И покрај тоа што рестораните на светскиот бренд за брза храна KFC остануваат затворени во многу држави поради пандемијата, доставувачката служба на брендот непрекинато ја извршува својата задача. Како и многу луѓе ширум светот, и тие веќе неколку месеци не ги имаат видено своите семејства и роднини.
Меѓутоа, KFC и креативната агенција Geometry Argentina, смислија начин како да им помогнат на доставувачите да ги видат своите семејства безбедно барем на неколку секунди – и тоа носејќи подароци. Односно, KFC ги испрати своите доставувачи да им однесат вкусно поховано пилешко на роднините кои тие не ги имаат видено веќе подолго време.
Со ваквата кампања, KFC всушност ја илустрира безбедноста на својот сервис за достава и доследната имплементација на строгите мерки за заштита кои ги применуваат доставувачите при секоја достава на храна – доколку е безбедно за нивните семејства, безбедно е за сите.