Градежната компанија Фабрика Карпош АД прослави 70 години од своето постоење. Компанијата која е основана пред 70 години е специјализирана во нискоградбата, високоградбата, производството на градежни материјали, бетонски производи, како и транспорт.
Во хотелот Александар Палас во присуство на владини претставници, градоначалници, претставници на бизнис секторот и пријатели на компанијата беа доделени благодарници за оние кои низ годините овозможиле компанијата да го постигне успехот.
“Да се биде присутен на пазарот 70 години е сериозна бројка и е за почит. Голема благодарност до сите наши пријатели, соработници, вработените, што заедно со менаџментот ја направија Фабрика Карпош лидер во индустријата. Како компанија сакам да истакнеме дека ќе продолжиме да го реализираме она кое сме го зацртале во нашите идеи и планови, и дека ќе продолжиме да инвестираме во економијата преку разни проекти. Сакам да потенцирам дека во изминатите 3 години како компанија вработивме околу 150 луѓе во секторот на оператива, високоградбата и нискограадбата“ – изјави Кире Стефанов, претседател на надзорниот одбор на Фабрика Карпош.
Фабрика Карпош е основана во 1948 година по завршувањето на втората светска војна со цел да се забрза постапката за изградба на срушената земја од војната. Името го добива по народниот херој Христијан Тодоровски Карпош, и е поставена во 4 адаптирани хангари. Во изминатите години максимално го развива својот процес на производство и станува клучен играч во регионот кога се работи за бетонски производи и нискоградбата. Од пред 2 години го започна својот најголем проект новата населба во Скопје, Александрија која се простира на површина од 150.000 м2.
Според проект менаџерот на Александрија и член на управниот одбор, Александар Стефанов овој проект е лична карта за компанијата и е гордост.
“Александрија е проект кој одзеде многу време и организација на планот за реализација. Горди сме што успеавме да го реализираме и што на Скопје му направивме населба која ќе биде модерна, со сите потребни институции во неа, како училшта, градинки, болница, терговски центар, бензински, паркови, игралишта, дом за стари лица, како и разни содржини за најмладите. Проектот е започнат во 2016 година а на наегова реализација се работи со полна пареа“ – изјави Александар Стефанов.
Во иминатите години Фабрика Карпош успеашно реализираше голем број на капитални проекти кои се од суштинско значење за државата, како и за општеството.