Фејсбук подготвува нови измени во сервисите кои се во сопственост на компанијата, а тоа е ново брендирање на називите. Вработените во Фејсбук се известени дека компанијата ќе го додаде своето име на Instagram и WhatsApp. Популарните сервиси во иднина ќе бидат познати како “Instagram from Facebook” и “WhatsApp from Facebook“.
Официјален претставник на Фејсбук ги потврди овие измени, истакнувајќи дека компанијата сака да биде потранспарентна во однос на тоа кои производи и услуги се дел од Фејсбук.
Овој потег не е воопшто изненадувачки, бидејќи новото брендирање е забележано уште во март. Интересно е што основачите на двата сервиси (и Instagram и WhatsApp) го напуштија тимот на Фејсбук минатата есен, а сега производите кои што ги создадоа ќе бидат повидливо поврзани со Фејсбук.
Раздвојувањето од Фејсбук, колку што беше очигледно и вештачко, сепак донесе некои придобивки и за Instagram и за WhatsApp, како на пример, стекнување поголема популарност кај помладите корисници во време кога Фејсбук почнуваше да опаѓа кај овие возрасти група. Одлуката за трансформација на името доаѓа во време кога Федералната комисија за трговија истражува дали бројните аквизиции направени од Фејсбук биле наменети за уништување на конкуренцијата, што потенцијално би можело да биде проблем бидејќи конкурентноста влијае на квалитетот на производите.