Фејсбук отстрани голем број реклами насочени кон млади припадници на британската ЛГБТ заедница кои ветуваа “сексуална чистота” и нудеа “лек” за истополна привлечност.
Истражувањето објавено во весникот Телеграф ја обвини социјалната мрежа за профитирање од постовите кои користат микро-таргетирање на ЛГБТ корисници со реклами кои нудат “терапија” за припадници на ЛГБТ заедницата.
Еден од огласите насочен спрема младите ја промовираше книгата насловена “Help for Men With Same-Sex Attraction“. Промоцијата беше поврзана со веб-страницата на издавачката куќа WestBow Press.
Фејсбук објави дека ги отстраниле рекламите пронајдени од Телеграф во согласност со правилата дека рекламите не треба да “содржат содржини што ги дискриминираат, малтретираат, провоцираат или ги омаловажуваат луѓето” кои ја користат оваа платформа.