Фејсбук соопшти дека ги заострува барањата за политичко рекламирање во пресрет на изборите во Европската Унија
Овај гигант на социјални медиуми во соопштение наведе дека уште повеќе ги заострува правилата со цел да се спречи странско мешање и да се зголеми транспарентноста пред гласањето за Европскиот парламент во мај.
Компанијата соопшти дека политичките огласувачи ќе мора да потврдат дека се наоѓаат во земја на ЕУ, објави Асошиејтед Прес.
Ова барање доаѓа со претходно објавените правила дека закупците на реклами мора да го потврдат својот идентитет.
Фејсбук исто така ја надградува својата база на податоци за реклами, вклучувајќи го и проширувањето на пристапот, така што надворешните групи можат да ги анализираат или да објават политички реклами.
Технолошките компании од Силиконската долина се под притисок на властите на Европската унија да направат повеќе за да спречат нивните платформи да ги користат групи на интереси, вклучувајќи ги и оние од Русија, да се мешаат во изборите, објави агенцијата.