Долгоочекуваниот потег на Facebook да ја отвори својата Messenger апликација за бренд комуникации, за која во неколку наврати претходно пишувавме на Маркетинг365, се случи во вторникот, кога компанијата ја претстави својата “Messenger Platform” и live API алатки.
Марк Зукерберг, CEO на Facebook, ја претстави технологијата за време на годишната компаниска F8 конференција во Сан Франциско. Оваа Messenger платформа, која се’ уште е во бета, ја проширува веќе постоечката Messenger апликација со нови можности, како комуникација со брендовите преку чет-ботови – автоматизирани, интерактивни алгоритми за пораки. Според основачот на Фејсбук, 900 милиони луѓе активно го користат Facebook Messenger, а 60 милиони пораки се испраќаат дневно, дополнителен потенцијален reach за брендовите и нивниот адвертајзинг.
Ботовите се очекуваат да бидат разговорливи и функционални. “Ние сметаме дека треба да праќате пораки на бизнисите како што праќате пораки на вашите пријатели,” изјави Зукерберг.
Дејвид Маркус, потпретседател за комуникациски производи на Facebook, соопши повеќе детали за Messenger ботовите, за кои рече дека ќе можат да испраќаат и примаат информативни содржини, слики и интерактивни ‘повици за дејствување.’ Во исто време, ботовите ќе откриваат свои ‘лични’ особини со кои корисниците ќе можат да се поврзуваат. Брендови како Poncho и CNN веќе имаат ботови на Messenger платформата кои може да зборуваат директно со потрошувачите. “Ние сметаме дека комбинацијата на кориснички интрфејс и конверзации ќе работи како што треба,” додаде тој.
Маркус ги претстави и алатки за откривање за Messenger. Тие ќе вклучуваат опција за пребарување, плагини и опција за спарување со потрошувачите која ќе им овозможи на брендовите да се поврзуваат со потрошувачите користејќи Messenger наместо SMS. Дополнително, реклами кои се појавуваат на Facebook ќе можат да ги насочуваат потрошувачите до ботот на брендот.
Програмерите ќе можат да создаваат свои сопствени ботови користејќи ги бесплатните API алатки на Facebook, претставени заедно со Messenger Platform.
Во чет-апликацијата, луѓето ќе се појавуваат во ред најгоре, ботовите во ред под нив, а предложени луѓе ќе се наоѓаат во листа под тоа. Распоредот изгледа слично на ‘Stories’ страната на Snapchat која има свои опции за пребарување.
Зукерберг најави проекти кои ќе влијаат врз тоа како еден бренд може да се рекламира на Facebook. Меѓу нив се нов таб за видеа во живо како дел од Facebook апликацијата, видео камера од 360-степени наречена Facebook Surround и Mevo, мала камера која снима видеа во живо од кој и да бил уред и ги стримува на Facebook Live.
Маркетерите кои го користат Facebook може да очекуваат и надоградувања на Facebook Analytics, како и Save копче кое ќе им овозможи на корисниците да букмаркираат интересни работи на кои наидуваат на интернет.
Додека Зукерберг навести на идни производи како тач-управувачи и наочари за виртуелна реалност, тој истакна дека Facebook се фокусира да ја направи Messenger совршена апликација за споделување, додвајќи дека сака да им даде на корисниците “можност да споделуваат се’ што сакаат со сите останати луѓе.”