Фејсбук и Инстаграм воведуваат промени кои ќе им овозможат на корисниците подобро да го контролираат нивното користење, осносно своето време поминато на овие социјални мрежи
Фејсбук и Инстаграм ќе добијат посебна “контролна табла“, на која корисникот во секое време ќе биде во можност да го види приказот на времето кое го поминал на една од овие социјални мрежи.
Исто така, ќе постојат алатки кои ќе им овозможат на корисниците да го постават својот дневен временски лимит, како и привремено да ги исклучат известувањата кои им ги испраќаат овие социјални мрежи.
Новите додатоци се именувани “Вашето време на Фејсбук” (Your time on Facebook) и “Вашата активност” (Your activity) на Инстаграм. Овие апликации беа креирани како одговор на критиките за создавање зависности од социјалните мрежи.
Временскиот потсетник ќе се појави кога апликациите ќе препознаат дека корисниците предолго остануваат на овие социјални медиуми.
Апликациите „Your time on Facebook“ и „Your activity“ би требало да станат достапни за корисниците на Фејсбук и Инстаграм во светот во следните неколку недели.