Технолошкиот гигант Facebook и брендот на луксузни наочари Ray-Ban конечно ги претставија пред јавноста своите долго најавувани паметни наочари наречени “Stories”.
Со нив, корисниците ќе може да сликаат фотографии и снимаат видеа со две камери од по 5 мегапиксели. Тие исто така ќе можат да слушаат музика и да одговараат на телефонски повици без да го допираат својот телефон.
За да бидат потполно функционални, паметните наочари треба да бидат поврзани со уред кој користи Android или iOS. Меѓутоа, крисниците сепак ќе може да снимаат и складираат стотици фотографии или десетици видеа, пред да ги префрлат на својот паметен телефон.
Заедно со наочарите, Фејсбук лансираше и пропратна апликација View, кој на корисниците ќе им овозможи да ги уредуваат своите фотографии и ведеа во пост-продукција, вклучувајќи и да додаваат тродимензионални ефекти.
Наочарите имаат дизајн и се достапни во три класични стилови на Rey-Ban, како и во вариетет на бои. Тежат помалку од 50 грама, а батеријата може да им трае цел ден. Меѓутоа, наочарите не се водоотпорни.
Паметните наочари ќе имаат и физички копчиња преку кои корисниците ќе може полесно да ги контролираат функциите. Но, за да се избегне нивна „шпионска употреба“, наочарите имаат бела сијаличка која ќе се уклучува кога камерата е во функција.
Почетната цена за производот е 299 американски долари, достапни за нарачка онлајн, како и во избрани физички продавници во САД, Обединетото Кралство, Италија, Канада, Ирска и Австралија.