Социјалните мрежи Фејсбук и Твитер ги променија своите профилни фотографии на официјалните страници и нивните логоа станаа црни.
Со овој потег, тие решија да покажат солидарност во борбата против расизмот, која станува се поголема во светот, пренесува Бизнис Инсајдер.
Откако американски полицаец за време на апсењето го уби афроамериканецот Џорџ Флојд, голем број на луѓе започнаа протести и избувнаа немири на улиците, а се` повеќе луѓе започнаа да бараат конечно истребување на расизмот во општеството.
“Ние сме против расизмот и се залагаме за солидарност со Црната заедница. Ајде да го кренеме гласот на Црните луѓе и да се бориме против системската нееднаквост во нашиот свет“, истакнуваат од Фејсбук.
We stand against racism, and in solidarity with the Black community. Let’s amplify the voice of Black people, and fight systemic inequality in our world. #ShareBlackStories
Gepostet von Facebook am Donnerstag, 4. Juni 2020
“Расизмот не е дел од социјалното дистанцирање. За време на зголемениот страв и неизвесноста околу пандемијата, оваа недела повторно го привлече вниманието нешто можеби кое е повеќе сеприсутно: долгогодишниот расизам и неправедноста со кои се соочуваат луѓето со црна и кафеава боја на кожа, на дневна основа“, порачуваат од Твитер.
Racism does not adhere to social distancing.
Amid the already growing fear and uncertainty around the pandemic, this week has again brought attention to something perhaps more pervasive: the long-standing racism and injustices faced by Black and Brown people on a daily basis. 🧵 pic.twitter.com/8zKPlDnacY
— Twitter Together (@TwitterTogether) May 29, 2020