Како што расте стримингот во живот, Facebook ги вложува своите пари во видео.
Едно истражување од 2015 откри дека видео постовите на Facebook имале најголем reach на социјалната мрежа, а подоцна истата година, Facebook ја лансираше својата алатка за стриминг во живо – Live.
Сега, Facebook ја прави алатката да биде уште поатрактивна за своите корисници – и за ПР и маркетинг професионалците кои сакаат да се поврзат со потрошувачите.
Минатата недела, Facebook откри нови функции за Live, со што стана голема конкуренција на Periscope на Twitter. Функциите ќе им овозможат на корисниците на Facebook полесно да ги откриваат, споделуваат и да стапуваат во интеракција со live-streaming видеата. Во своето соопштение, Facebook напишаа:
“Откако го лансиравме Facebook Live минатото лето за јавните личности преку нашата Mentions апликација и потоа и за сите корисници во САД кои ги користат нашите iOs и Android апликации, бевме изненадени и воодушевени од тоа како луѓето ги користат видеата во живо за да се поврзуваат и да стапуваат во интеракција меѓу себе насекаде низ светот. Луѓето им ги отркиваат своите хобија на пријателите. Родителите споделуваат моменти од животите на своите деца со поширокото семејство. Спортистите им даваат поглед на луѓето за својот тренинг. Куварите ги внесуваат своите фанови во кујната. Новинарите одржуваат глобални расправи на теми кои ги интересираат. Музичарите може да постават концерт во живо за своите пријатели. Многу луѓе низ светот го користат Facebook Live на многу различни начини за да комуницираат со луѓето кои им значат.”
Една опција им овозможува на емитувачите преку Facebook Live да емитуваат во Facebook групи или настани. Ова би било особено корисно за ПР и маркетинг професионалците кои имаат Facebook групи или некој бренд менаџер кој сака да сподели ексклузивни содржини со оние кои присустуваат на некој настан.
Корисниците ќе можат да пронајдат и стриминг во живо по локација, како и да стапуваат во интеракција со стримовите преку Facebook Reactions и коментари.
“Имаме забележано дека луѓето коментираат 10 пати повеќе на Live видеа отколку на обични видеа,” истакнаа од Facebook, додавајќи: “Facebook Live Reactions се појавуваат во реално време и исчезнуваат брзо, така што емитувачите и другите гледачи ќе имаат можност да видат како луѓето се чувствуваат при различни моменти во текот на стримингот во живо. Тоа е како да слушате аплауз на публиката.”
Емитувачите сега ќе можат полесно да ги споделуваат своите стримови – додадена е опција со која ќе можат да покануваат определени пријатели да го гледаат. Корисниците ќе имаат и увид во нова метрика за нивните видеа, вклучувајќи вкупен број на гледачи и број на гледачи додека се снима.
И покрај тоа што Facebook не посочи дека функциите ќе бидат достапни и за бренд менаџерите, компанијата го овозможи Facebook Live и за страните на брендовите во декември.
ПР и маркетинг професионалците ќе можат да го искористат Facebook Live и за партнерство со влијателни Facebook корисници, како и да им даваат на фановите поглед што се случува зад сцената.