Од оваа недела, Фејсбук ќе започне да ја намалува видливоста на спам постовите кои како примарна цел имаат привлекување на кликови (engagement bait) и ги поттикнуваат корисниците на оваа социјална мрежа да лајкуваат, тагираат или коментираат.
Постовите од типот “Тагирајте го пријателот кој сака да спие!“ изгледаат популарно, бидејќи си „поигруваат“ со алгоритмите на Фејсбук, што доведува до нивна поголема видливост, односно имаат поголем приоритет во News Feed.
Официјалните лица во Фејсбук тврдат дека новото ажурирање нема да влијае на постовите кои повикуваат на собирање на средства во добротворни цели или оние во кои некој на пример, бара совет за патување.
Фејсбук секојдневно категоризира стотици илјади постови, со што ажурираниот модел на машинско учење е научен да детектира различни видови на „engagement bait“.Во наредните недели, мерките ќе бидат построго применети на страници кои зачестено привлекуваат кликови, така што нивните корисници имаат време да се прилагодат.
„Со тоа, сакаме да го намалиме ширењето на содржина која претставува спам, потоа сензационалистички објави и погрешни информации, со цел да промовираме значајна и автентична комуникација“, соопштија од Фејсбук.
Колку што некоја страница е повеќе ориентирана на „engagement bait“, ќе осети поголем пад на видливоста на постовите.