Twitter нема да биде единствената социјална мрежа која ќе емитува бејзбол натпревари од “Големата Лига.“
Facebook ќе емитува во живо 20 бејзбол натпревари за овогодишната сезона. Комесарот на лигата Rob Manfred ја најави соработката минатиот четврток за време на кварталниот состанок на лигата. Ројтерс пак најави во февруари дека социјалната мрежа и лигата преговарале околу договор за неделно емитување .
Facebook емитуваше еден национален натпревар од лигата овој изминат петок започнувајќи со натпреварот помеѓу Cincinnati Reds и Colorado Rockies. Натпреварите достапни се за следење преку станата на MLB во рамките на територијата на САД.
Facebook нема да е единствената социјална мрежа која ќе ги емитува MLB натпреварите оваа сезона. Twitter исто така најави таква слична зделка уште минатата година пред истата да биде најавена и од Facebook.
Разликата во емитувањето помеѓу двата медиума е во тоа што Facebook засега нема да продава рекламен простор. Како и Twitter, Facebook нема да продуцира сопствено емитување, туку тоа ќе биде проследено од телевизиската програма и ќе ги емитува сите активности од локалнатга телевизија која ќе ги добие правата за емитување.