Социјалната мрежа минатиот четврток изјави дека ќе имплементира нови мерки со кои ќе се бори против лажните новости кои се шират во рамките на делот за новости на платформата.
Facebook се пронајде под лупата на критичната јавност по претседателските избори и победата на Donald Trump кога голем број на новости предизвикаа бурни реакции.”Бурата” на дезинформации кои беа раширени на социјалните медиуми вклучувајќи ги Facebook, Reddit и Twitter предизвика зголемена потреба од промени кон пристапот на новостите кои се споделуваат на социјалните платформи.
Facebook за време на претседателската кампања беше користен за циркулација на новости од ‘’измамнички’’ сајтови чија основна цел со нив (со вестите) беше да генерираат вирален сообраќај преку Facebook на своите веб сајтови со цел да генерираат профит преку платени реклами.
Како резултат на ова, Facebook сега има план како да ги означува новостите од лажните сајтови кои се маскираат како извори на вести со цел да пренесуваат лажни новости. Овој пристап има за цел да го обнови програмскиот приход од реклами на легитимните и потврдени издавачи .
Facebook ќе користи реномирани сајтови за проверка на фактите кои ќе служат за да се обележат лажните објави како “спорни” односно ваквиот тип на обележани објави ќе содржат предупредување на самата објава во вид на прозорче на објавите кога некој ќе се обидува да го сподели обележаниот ‘’спорен’’ пост.
Помеѓу организациите за проверка на фактите се појавуваат Snopes, FactCheck.org и Politifact, кои се дел од меѓународна мрежа за проверка на фактите Poynter International Fact Checking Network.
“Веруваме дека обезбедувањето на податоци околу објавите може да им помогне на корисниците на социјалната мрежа сами да одлучат на кои новости да им веруваат и што да споделуваат’’- изјави Adam Mosseri, VP за производи и новости на Facebook во својата објава минатиот четврток. “Сеуште ќе биде можно да се споделуваат тие новости,меѓутоа ќе постои известување на самата објава дека истата е спорна додека се обидувате да ја споделите истата.“
Процесот на обележување на лажните новости ќе започне со постојаните корисници на Facebook кои ќе имаат можност да ја пријавата секоја новост која сметаат дека е сомнителна.
Кога веќе еднаш една објава е обележана со знаменце, независните проверувачи на факти ќе одлучат дали објавата заслужува да добие ознака дека е спорна или не.
Facebook исто така ќе ги детектира и изворите на финансиска поддршка на лажните новости.
Facebook изјави дека ќе ги брише линковите од веб сајтовите кои шират спам и кои често користат домени кои наликуваат на познати извори на новости.
Кога корисниците кликаат на сомнителните домени тие пристапуваат на сајтови кои се преплавени со реклами и лажни новости.
‘’Откривме дека голем број на лажни новости зад себе кријат финансиска мотивација’’ изјави Mosseri. ‘’Спамерите’’ генерираат профит преку лажирање на новости од извори (сајтови) кои наликуваат на легитимни новинарски организации презентирајќи новости кои имаат за цел зголемена посета на овие сајтови и генерирање на профит преку бројните реклами кои можат да се пронајдат на овие сајтови.
Програмската технологија за реклами често се обвинува дека ја поттикнува виралноста на лажните новости. За време на изборите BuzzFeed откри бројни интернационални шеми за заработка на пари преку одржување на веб сајтови со лажни новости чија зголемена видливост беше обезбедена со помош на Facebook.
“Најважно е да им се даде информација на корисниците за репутацијата на новоста пред тие да кликнат на неа или пак да решат да ја споделат‘’ изјави Jeff Jarvis, директор на Tow-Knight Center for Entrepreneurial Journalism на CUNY Graduate School of Journalism.
“Остранувањето на протокот на реклами за ваков тип на новости е очигледно многу важен”- изјави Jarvis.
Новостите кои се споделуваа за време на изборниот циклус ги примораа брендовите во овој програмски еко-систем за реклами да обрнат поголемо внимание каде се се појавуваат нивните реклами.
Kellogg, на пример, креира нова политика која спречува појава на неговите реклами на Breitbart, веб сајт кој не ги исполнува критериумите кои не се во склоп на почитување на вредностите на Kellogg’s како компанија.
Facebook не се изјасни дали новите мерки ќе имаат импакт на сајтови како Breitbart. Социјалната мрежа ќе спроведе мерки за сајтови кои шират ‘’најлоши по квалитет’’ новости.
“Најважното нешто е да им се даде информација на корисниците кога тие одлучуваат дали да кликнат врз објавата или да ја споделат’’ изјави Jarvis.