Управата на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека ќе инвестира 300 милиони долари во следните три години во различни проекти од областа на новинарството, за подобрување на информирањето на локално ниво, кое е особено погодено од дигиталната револуција
“Ќе продолжиме да се бориме против лажните вести (fake news), дезинформациите и информациите со лош квалитет. Сакаме да им помогне на и на локалните медиуми”, изјави Кембел Браун, потпретседател на Фејсбук одговорен за партнерство со медиумите.
Оваа социјална мрежа во јануари 2017 година започна со новинарски проект Facebook Journalism Project, со цел да јакнење на односите со медиумите. Основната идеја беше да им се понудат решенија на медиумите со цел подобрување на приходите со присуство на Фејсбук и да се подобри размената на информации.
Исто така, Гугл во март 2018 година, најави 300 милиони инвестиции во низа проекти за борба против лажните вести со цел поддршка на медиумите кои се сметаат за сигурни.