Facebook соопшти дека на 12 април, за време на нивната F8 конференција, ќе ја отворат опцијата Instant Articles за сите издавачи, без разлика на нивната големина или локација во светот.
Досега, мрежата работеше со неколку стотина издавачи низ светот, со цел да изгради брзо и извонредно читачко искуство за своите корисници. Тие соопштија дека, додека прават подобрувања на Instant Articles врз база на досегашниот фидбек, паралелно работаат и на содавањето на алтки со кои ќе моќе да ги отворат Instant Articles за светот.
“Ние ги создадовме Instant Articles за да решиме конкретен проблем – бавното време на вчитување на мобилниот веб кое создаваше проблематично искутсво за луѓето кои читаат вести на нивните телефони. Ова е проблем кој влијае врз сите издавачи, особено оние чија публика има проблем со слаб интернет. Имајќи го ова на ум, нашата цел уште од почетокот беше да ги отвориме Instant Articles за сите издавачи и многу сме возбудени што ќе можеме да го направиме тоа на начин кој ќе им озвозможи на издавачите да стигнат до својата публика на Facebook брзо и еднставно,” стои во соопштението од технолошкиот гигант.
Со Instant Articles, издавачите ќе имаат целосна контрола врз изгледот на нивните стории, како и врз податоците и рекламите. Тие ќе имаат можност да ги пренесат своите директно продадени реклами и да задржат 100% од приходите, и да ги следат тие реклами преку своите постоечки мерни системи, или пак ќе може да ги монетаризираат своите содржини преку Facebook Audience Network. Дополнително, издавачите ќе може да ги користат своите постоечки веб-базирани аналитички системи за да го следат сообраќајот на своите статии. Сето ова ќе може да го прават преку пристап кон богат пакет мултимедијални алатки за да создаваат динамични, интерактивни статии кои ќе се вчитуваат брзо насекаде на Facebook, без разлика каде во светот се наоѓаат читателите.
“Ги охрабруваме сите заинтересирани издавачи да ја прегледаат нашата документација (https://developers.facebook.com/docs/instant-articles) и да се подготват за отворањето на можноста во април, од кога ќе можат да го споделат ова брзо, интерактивно искуство со своите читатели,” додаваат од Facebook.