Иницијативата на Фејсбук: Internet.org, има мисија да го поврзе целиот свет на интернет, со фокус на најзафрлените населени места, земјите во развој и места на кои земјините врски не се исплатливи!
Во овaa цел веќе се обидoa да развиjaт беспилотни соларни летала Aquila кои со месеци би можеле да кружат на небото и да служат како предаватели, но од овој проект неодамна се откажаа. Сега, пак, Wired дознава дека компанијата на Цукерберг се сврте кон телекомуникациски сателити со кодно име Athena.
Засега се работи за истражувачки проект кој има за цел во иднина да лансира цела мрежа на интернет сателити во Земјината орбита. Сличен проект, да се потсетиме, води SpaceX. Истиот се нарекува Starlink и исто така сака со помош на сателити да ја покие целата земја со безжичен интернет.
Фејсбук уште во 2016 година, се обиде да лансира еден комуникациски сателит во орбитата преку ракетата SpaceX, но оваа ракета експлодира при лансирањето. Компанијата сега потврди дека со новиот проект ја остваруваат истата мисија како и досега и сакаат да донесат широкопојасен пристап до интернет во областите каде што моментално е лош или непостоечки. Според сегашните планови, првиот сателит би требало да биде лансиран на почетокот од следната година.