Компанијата Фејсбук најави одлучна борба против лажните вести и ги ограничува можностите за злоупотреба на оваа социјална мрежа.
Овој пат, на удар се рекламите и постовите кои промовираат чудотворни лекови, таблети за губење на тежината и надрилекарство.
Потврдено е дека алгоритмите на Фејсбук ќе се променат за да се спречи сензационалистичка содржина на ѕидовите на корисниците.
“Со цел да им помогнеме на луѓето да добијат вистински здравствени информации и поддршка што им е потребна, нашата најважна задача е да ги намалиме сензационалистичките содржини на минимум”, напиша Тревис Џеј, менаџер во Фејсбук.
Оваа најава пристигнува откако оваа компанија е прозвана по прашањето за ширење на неточни информации за човековото здравје. Ова првенствено се однесува на кампањата против вакцинација.