Фејсбук планира да им овозможи на корисниците да наплаќаат за нивните стриминзи во живо, што ќе им даде можност на музичарите и останатите креатори да ги монеризираат своите настапи на платформата, соопшти компанијата.
Во соопштението насловено како “Претставување на Messenger Rooms и повеќе начини да останете поврзани кога сте разделени”, помеѓу информациите за новостите поврзани со групни четови на своите сервиси, компанијата вели: “За да ги поддржиме креаторите и малите бизниси, ние планираме да додадеме можност за сите страни (Pages) да наплаќаат за пристап кон настаните со видео во живо на Фејсбук – се од онлајн настапи до часови и професионални конференции“
Компанијата не специфираше кога оваа опција ќе биде достапна, а ниту дали ќе постојат некакви лимити колку “изведбите” ќе чинат и дали Фејсбук ќе наплаќа некаков паушал или процент од заработката од тие што ќе ја користат услугата.
Компанијата исто така соопшти и дека ќе го прошири својот “Start” систем со кој музичарите ќе можат да добиваат “бакшиш” кога некој корисник ќе им испрати “star”.