Најголемата социјална мрежа во светот Facebook објави дека ќе ги обележува содржините објавени од новински агенции кои се во државна сопственост.
Тоа значи дека страниците и постовите на медиуми кои се во доминанта сопственост на некоја држава, како што се руските Sputnik и Russia Today или кинеските Xinhua News и The People’s Daily, ќе добијат етикета која известува дека се под „државна контрола“.
Директорот за сајбер-безбедносна политика на Facebook, Натаниел Гличер изјави дека ваквиот потег на корисниците ќе им даде контекст за тоа кој стои позади содржините кои се објавуваат на Фејсбук.
Од компанијата ќе се обидат да го прошират овој систем и врз индивидуалните корисници на социјалната мрежа, доколку тие споделат на нивниот „тајмлајн“ или во „приказни“ некоја вест чие потекло е од медиум во државна сопствност.