Од Facebook сметаат дека го откриле лекот за блокирањето на реклами (ad-blocking).
Денес, социјалната мрежа претстави алатка кој ќе им овозможи на корисниците да имаат поголема контрола врз тоа какви реклами гледаат, за што сметаат од Facebook дека ќе придонесе кон тоа корисниците да ги гледаат рекламите како нешто корисно, наместо како нешто што треба да се блокира.
За да го направат тоа, компанијата им дава на корисниците поголема контрола врз рекламите кои ги гледаат во нивниот news feed. Алатката, која се лансираше денес, им овозможува на корисниците да додаваат и отстрануваат интереси од новата “ad preferences” секција базирана врз она што им се допаѓа. Според Ендру Босворт, потпретседател на Facebook ads and business platform, новитетите се наменети да им помогнат на луѓето подобро да се сокријат од data-driven маркетингот.
“Кога се тие релевантни и добро направени, рекламите може да бидат корисни, така што ни помагаат во откривањето на нови производи и услуги и не’ воведуваат во нови искуства – како реклами кои ви кажуваат дека вашиот омилен бренд доаѓа во градот или некоја фантастична туристичка понуда за тропски одмор,” напиша Босворт во еден блог пост. “Но, бидејќи рекламите не функционираат секогаш на тој начин, многу од луѓето почнаа да избегнуваат одредени сајтови или апликации, или преку користењето на софтвери за блокирање на реклами, да престанат да ги гледаат лошите реклами. Ова беа најдобрите опции до овој момент.”
Facebook ја ангажираше компанијата за истражувања Ipsos MORI за подобро да разбере што ги поттикнува луѓето да користат ад-блокери. После анкетирањето на преку 2000 луѓе од 6 држави (САД, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Бразил и Индија), Ipsos откриле дека мнозинството од луѓето (69%) како најзначаен фактор за употребата на ад-блокери се рекламите кои го нарушуваат нивниот вообичаен тек на користење на интернетот.
“Колку и да сакаат луѓето персонализирани искуства, тие мразат реклами кои ги прекинуваат во работата, без разлика колку и да биле тие персонализирани,” напиша Адам Исаксон, истражувачки директор на Ipsos Connect. “Сите оние реклами кои блокираат одредени содржини на некоја страна, pop-up реклами со звук и реклами кои ги успоруваат содржините на страните, луѓето ги гледаат како нарушувачки.”
Персонализацијата изгледа дека може да помогне. Истражувањето на Ipsos откри дека 79% од испитаниците сметаат дека треба да ја имаат можноста да откажат одреден тип на реклами. Тоа може да значи и добри вести за маркетерите кои повеќе би сакале да трошат за да допрат до потрошувачи кои нависитна би биле заинтересирани за нивниот бренд отколку да трошат пари на оние кои немаат никаков интерес во таа област.
Во едно соопштение како прилог кон веста, претседателот и CEO на IAB Рендал Ротенберг го пофали потегот како “на место”. Тој рече дека пристапот “да се почитува адвертајзингот како есенцијална состојка во поврзувањето на корисниците ширум светот” треба да биде прифатени и од другите ‘играчи’ на Интернетот.
“Со стотици години, адвертајзингот и маркетингот имале централна улога во испорачувањето на забава и услуги кои се инаку бесплатни за потрошувачите,” напиша Ротенберг. “Дополнително, адвертајзингот има суштинско значење за функционирањето на демократскиот капитализам; тоа е начинот на кој потрошувачите и граѓаните учат за подобри цени, подобри опции, подобри можности за работа, па дури и подобри политички кандидати. На Facebook треба да им се аплаудира за нивното лидерство во одржувањето на нивниот позитивен однос со корисниците.”
Како што Facebook нуди повеќе алатки за персонализирање на реклами, така и шири каде се’ корисниците може да ги видат. Сега, корисниците кои имаат ад-блокери на нивните уреди ќе гледаат десктоп реклами на Facebook. Тоа не значи дека мрежата се откажува од мобилните уреди. Порано годинава, Facebook направи својот Facebook Audience Network да биде достапен и надвор од нивните апликации и така им овозможи на издавачите и адвертајзерите да го користат таргетирањето на Facebook низ целата мобилна мрежа.
Еве како ќе изгледа десктоп верзијата на “Ad Preferences” страната: