Технолошкиот гигант Facebook претходно имплементираше ограничување во проследувањето пораки на апликацијата WhatsApp, а сега истото го прави и за платформата Messenger.
Компанијата соопшти дека според новите ограничувања на Messenger, корисниците ќе може да проследат една порака до само пет луѓе одеднаш.
Доколку корисникот се обиде да проследи иста содржина до повеќе од пет приматели одеднаш, тој ќе добие известување дека „ограничувањето за проследување е достигнато.“
Од Фејсбук истакнуаваат дека воведувањето на ограничувањето е со цел да се „успори споделувањето на вирални дезиноформации и штетни содржини кои имаат потенцијал да предизвикаат штета во вистинскиот свет.“