Home » Digital » Facebook отсега им овозможи на сите страници да додаваат гости за емитување во живо на iOS

Facebook отсега им овозможи на сите страници да додаваат гости за емитување во живо на iOS

‘’Facebook Live With’’ е новата достапна опција која им овозможува на маркетерите да додаваат официјални лица или членови од публиката при своите емитувања во живо. Оваа опција станува достапна за сите страници и стандардни профили кои сега можат да додаваат гости на нивните видеа кои се емитуваат во живо.

Доколку емитувањето се врши во форма на хоризонтално прикажано видео, видеото ќе се подели на екранот во два дела –оној на емитувачот и дел за гостинот поставени еден до друг. Доколку видеото е вертикално тогаш приклучувањето на гостинот ќе се емитува како ‘’FaceTime chat’’.

За маркетерите, екстензијата на ‘’Live With’’ опцијата значи дека брендот ќе може да избира членови од публиката или пак некој од своите амабасадори на брендот со чија помош ќе го збогати емитувањето во живо. Ова беше веќе возможно со помош на ‘’Facebook Live API’’, но не сите брендови го имаа потребниот технички талент и продукциски тимови или пак сакаа да платат за софтвер кој поддржува програмирање во стил на ТВ емитување. Со користењето на ‘’Live With’’, повеќе страници може да го подобрат нивото на продукција со помош на iPhone.

Facebook исто така им обезбедува на корисниците на емитувањата во живо да креираат приватни соби за чат, со цел да зборуваат со своите познаници и пријатели за емитувањето и темите поврзани со него без истите да се појават на генералниот јавен чет прозорец. За сега опцијата наречена ‘’Live Chat With Friends’’ — сеуште се наоѓа во фаза на тестирање но, Facebook планира да ја направи официјално достапна во текот на ова лето. Се верува дека со помош на оваа опција не само што ќе се може да се комуницира приватно за самото емитување со пријателите, туку и корисниците поверојатно е дека ваквите видеа ќе ги споделуваат на своите профили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365