Дигиталниот гигант со ова даде пример за тоа колку принтот ги прави работите поофицијални, поскрени и поверодостојни
Марк Цукерберг ја прифати одговорноста за најновиот скандал кој ја потресе дигиталната индустрија, а тоа го направи со донекаде изненадувачки потег – со реклама во весниците.
Овој викенд, неколку весници во Велика Британија и САД излегоа со реклама на цела страница со извинување по повод неодамнешниот скандал со компанијата Кембриџ Аналитика, а е потпишана од страна на Марк Цукерберг. Со овој потег, дигиталниот гигант на некој начин оддава почит на традиционалните медиуми, а можеби дури и ненамерно, симболично ги нагласува горливите прашања на денешното дигиталното општество. На некој начин, извинувањата како ова, едноставно носат поголема тежина кога ги гледате црно на бело и ги држите во своите раце.
Со извинувањето, Фејсбук ја прифаќа одговорноста за пропустите во заштитата на податоците на корисниците, кои станаа очигледни по инцидентот со компанијата Кембриџ Аналитика, која била во состојба неовластено да собиере податоци за околу 50 милиони корисници на Фејсбук и да ги користи за политички кампањи.
“Со ова е нарушена довербата и ми е жал што не направивме повеќе кога беше потребно”, напиша Цукерберг. Според CNN, рекламите се појавувиле во The New York Times, Washington Post и Wall Street Journal во САД, како и во британските медиуми, The Observer, The Sunday Times, Mail on Sunday, Sunday Mirror, Sunday Express и Sunday Telegraph.
Целиот потег секако не помина незабележано на социјалните мрежи, па не недостасуваа и духовити забелешки. Така, уредникот на магазинот Verge, Кејси Њутн, објави на Твитер: “Конечно и весниците да заработат малку вистински пари од Фејсбук”.