За прв пат во историјата, скејтбординот е вклучен како дисциплина на овогодинешните Олимписки игри кои ќе се одржат во Токио, Јапонија. По тој повод, технолошкиот гигант Facebook лансираше нова глобална кампања во која фокусот е токму насочен кон скејтбордингот.
Имено, преку серија од четири спотови, Фејсбук илустрира вистински приказни како неговите социјални платформи им помогнале на скејтбординг заедниците ширум светот меѓусебно да се поврзуваат и да ги споделуваат своите искуства.
Кампањата е насловена „Change The Game“ („Промени ја играта“), при што главната порака е дека „Ние ја менуваме играта кога ќе се најдеме еден со друг“, истакнувајќи ја важноста на комуникацијата во носењето на позитивни промени за светот.
Спотовите биле снимани во текот на 17 денови на четири различни континенти. Кампањата е создаедена со помош на агенцијата Droga5.