Гостинска статија на Владимир Шапардановски.
Што е подобро Facebook страница или Facebook профил за Вашиот бизнис? Страниците и профилите си имаат свои предности и недостатоци кога станува збор за рекламирање на Вашиот бизнис. Денес ќе Ви ја објаснам кои се тие и која е разликата.
Facebook профилот е личен профил каде што можете да додавате пријатели да комуницирате со нив преку пораки и да „лајкувате“ страници. Facebook Ви дозволувате да имате само еден профил(еден меил – еден профил).
Facebook страница е профил за Вашата компанија, каде што можете да се претставите. Да ставите која ви е дејност, контакт и многу повеќе информации за Вашата компанија. Можете да отворите неограничено страници од еден профил.
Ќе се обидам да Ви ги претставам предностите и негативностите на овие социјални медиуми па Вие ќе треба да одлучите на кој ќе посветите најмногу внимание.
Опсегот на вестите
Дефинитивно поголем опсег на вести можете да добиете преку профилот. Алгоритамот на Facebook е наместен да покажува повеќе стории од профилите од колку од страниците. Но сепак останува правилото дека сторијата треба да Ви биде популарна за да може да напредува на времепловот.
Реклама
На Facebook страницата можете да рекламирате стории и да ја рекламирате самата страница. Ништо од ова неможете да правите на профилот.
Пријатели или фанови
Мора да ги поканите Вашите пријатели да им се допадне страница или да најдете пари за да ја рекламирате страницата. Додека кај профилот е малку полесно, се што треба е да го додадете за пријатели. Порано беше ограничено до 5000 пријатели, додека сега може неограничено да Ве следат.
Интеракција
Поголема е интеракцијата кај профилот. Можете да ги следите, да им коментирате или да им „лајкувате“. Да читате нивни мислења на нивните профили и да научите повеќе за нив. Додека кај страниците во тој дел сте ограничени. Можете да комуницирате само на Вашата страница.
Професионалност
Подобро и поубаво е да имате функционална Facebook страница, со одлична насловна слика, средени и редовни постови. Замислете некој од големите брендови како Coca Cola или Nike да комуницираат преку профили? Но од другата страна многу лошо изгледа кога имате малку фанови или никој не комуницира со страницата.
Facebook правила
Доколку го употребувате Вашиот профил за бизнис тогаш ги прекршувате условите за користење на Facebook. Ако го користите профилот за профит тогаш Facebook може да го избрише истиот. Но тоа не значи дека неможете да зборувате за Вашата компанија, всушност треба да го направите тоа. Добро е што Facebook ни дава опција профилот да го претвориме во страница, што е доста добро доколку на почеток сте се одлучиле за профил па потоа сте се предомислиле.
Анализа
За крај ја оставив анализата. Тоа е тоа што ја прави страницата подобра за Вашиот бизнис од колку профилот. Можете неограничено да анализирате, колку луѓе ги погледнале Вашите стории, кое време се најинтереснии сториите, од каде доаѓаат фановите на Вашата страница. Да го анализирате опсегот на секој пост посебно.
Оставаме на Вас да одлучите дали е подобро да имате страница или профил. Или доколку имате време и ресурси можете да се посветите на двете.