Автор: Владимир Шапардановски.
Денес е тешко да се сретне некоја компанија или обичен бизнис која нема своја Facebook страница. Тоа е добро, така полесно се „доаѓа“ до потрошувачите, редовно се информираат за сите новости и последни случувања на компанијата.
Но секогаш тоа оди еден чекор напред, денес на потрошувачите им е потребна информација плус и контакт телефоните лесно ги заменија со пораки на социјалните медиуми. Иако веќе голем дел од луѓето користат „смарт“ телефони, сепак им е полесно да пратат приватна порака на некоја од социјалните мрежи од колку да побараат контакт телефон и да разговара со одговорно лице. Некој сака да избегне личен контакт за друг е поедноставно.
Таа навика ја забележа ФБ и изработи нова опција за сите сопственици на ФБ страници. Доколку за рок од еден недела сите прашања на Вашите фанови ги одговорите за помалку од 5 минути ќе добиете зелена икона (Фото), каде што пишува „Често одговара на пораки“ (Very responsive to messages ).
Тоа е одлична можност да им покажете на сите фанови дека страницата не ја користите во една насока односно само за постирање, туку дека сте тука и за нив, да им одговорите на нивните прашања, забелешки или критики. Многу тешко е да се постигне да се биде онлајн 24 часа посебно ако некој остави прашање во 12 часот на полноќ :) За тој случај можете да го употребите копчете Отсутен –( Away ) . Можете да бидете отсутни 12 часа, и во тој период Facebook нема да Ви брои дали сте одговориле на пораките.
Некогаш ќе се најдете во ситуација, да не можете да одговорите на пораките, едностано немате информација. Во тој случај можете да креирате „готова“ порака. На пример: Здраво, Ви благодариме за Вашиот интерес, во текот на денот ќе добиете одговор на Вашето барање. Или само да оставите контакт каде може да Ве најдат најдобро, Нашата адреса е… итн. Тоа ќе ви помогне дополнително да ја активирате зелената иконата, бидејќи Facebook ја мери само првата порака кога е одговорена не и останатиот разговор. Но моја препорака е да не го користите често, за фановите да не добијат чуство дека разговаараат со „автоматска секретарка“ и да го изгубите личниот контакт со нив.
Затоа само да се „постира“ веќе не е доволно, потребно е да посветите повеќе внимание на Вашата Facebook страница, дека со оваа опција можете дополнително да се доближите до Вашите фанови или потрошувачи, да дознаете повеќе за нив и нивните желби.