Фејсбук моментално тестира нова функција – приватни коментари со кои корисниците ќе можат сами да избираат кои луѓе ќе можат, односно нема да можат да ги видат нивните текстови.
Откако постои Фејсбук, една од најчесто користените опции се лајковите и коментарите. Тие досега беа исклучиво јавни, но во догледно време корисниците ќе можат да оставаат и приватни коментари кои ќе бидат видливи само за определени луѓе.
Добра причина за тоа е спречување на вербалните судири помеѓу корисниците заради некој напишан текст. Имено, според сегашните поставувања, доколку оставите коментар на некоја тема, истиот е видлив до сите. Неретко заради тоа знае да дојде до „препукување“ со останатите корисници на оваа социјална мрежа, кои не се согласуваат со вашите мислења.
Како што се гледа на фотографијата, во делот кај корисниците се појавува нова икона и катанец. Со кликнување на него, корисникот може да избере за кои луѓе неговиот коментар ќе биде видлив – за пријателите и сопственикот на постот, само за пријателите, само за него и сопствениот на постот или за сите.
Оваа опција е моментално во фаза на тестирање и не е достапна до сите. Исто така, не е познато кога и дали воопшто ќе стане составен дел од Фејсбук.