Facebook тестира реклами за време на емитувањето на видео за понатамошно зголемување на своите приходи следејќи го моделот на YouTube
YouTube треба да внимава, Facebook ги испробува новите модели за видео реклами кои се појавуваат во текот на времетраењето на видео содржините на платформата. Овие видео реклами траат околу 20 секунди.
Овие информации штотуку ги објави Recode, кој ги цитираше ненаименуваните извори од индустријата. Дигиталниот гигант одби да коментира на објавата.
Едноставно кажано, Facebook сака да генерира профит од клиповите кои се објавуваат од компаниите кои се рекламираат на платформата. Во согласност со Recode, видео издавачите ќе добијат 55% од продажбата во финансиски договор кој всушност е и начинот на кој огласувачите соработуваат со YouTube.
Милиони клипови се гледаат дневно на Facebook, па затоа изгледите за генерирање на приходи може да бидат огромни за дигиталната компанија. Издавачите исто така треба да се заинтригирани од можноста за нов потенцијален прилив на приходи.
Ќе биде доста интересно да се види дали рекламите кои се емитуваат во текот на времетраењето на видео содржините- откако гледачите ќе го гледаат клипот за 20 секунди се докажат ефективни.
“Преку дозволување на рекламите да имаат удел од 20 секунди во видео, Facebook презема нов интересен пристап со испраќање на јасна порака на издавачите – креирајте интересна содржина инаку вашите реклами нема да бидат видени,” на оваа новост коментираше Joe Hyland, CMO на платформата за вебинари ON24. “Facebook сфаќа дека со видеото, ангажманот на корисниците е многу повреден од кликовите.
Ова е уште еден паметен потег на Facebook за да се обезбеди гледаност на содржините со најголем ангажман и нивно трасирање на својот пат на платформата. “
Со ова се зголемуваат изгледите за појава на повеќе реклами на ѕидот со новости на Facebook што би можело донекаде и да ги иритира милијардите корисници на платформата. До сега видео рекламите беа ограничени на спонзорираните објави на брендовите на Facebook.
Овој развој на Facebook и не е до толку неочекуван.
Dan Rose, потпретседателот на Facebook за партнерства минатата есен веќе најави ваков модел на работа:
“Следната година, ќе разгледуваме нови начини на кои ќе аплицираме модел за пауза со реклами на обичните видео на Facebook, видео содржини кои нема да се емитуваат во живо. Сеуште не сме го направиле тој чекор. Во текот на неколкуте следни месеци, ќе ја прошириме паузата за реклами во рамките и на видеата во живо. Но во почетокот на следната година се надеваме дека ќе зборуваме повеќе околу истата идеа за апликација на овој модел на класичните видеа исто така.’’