Фејсбук се обидува да го победи Твитер во борбата која социјална мрежа да биде прв избор за second-screen гледачите, луѓе кои гледаат телевизија и истовремено ги користат социјалните медиуми. Фејсбук соопшти дека ќе воведе нови алатки со кои ќе им помогне на ТВ продуцентите подобро да стапат во интеракција со публиката.
“Дали се работи за талент шоу, специјални вести или некоја голем натпревар, ТВ гледачите се конектирни на Фејсбук за време на емитувањето на нивните омилени програми”, вели Боб Морган, Partner Engineering Director на Фејсбук, во еден блог пост.
Истражувањето на Фејсбук покажа дека 85% од гледачите кои ги посетуваат социјалните мрежи додека гледаат телвизија го посетуваат Фејсбук. “Нашите истражувачи открија дека најголемата употребата на Фејсбук во сите држави е за време на телевизискиот prime time”, додаде Морган.
Ова се трите начини со кој Фејсбук се надева дека ТВ гледачите ќе ја зголемат интеракцијата:
- Хаштаг гласање и анкети
Оваа опција би била најинтересна за емитувачите. Наместо да бидат пренасочени кон некоја одделна апликација на Фејсбук страната на емисијата, корисниците ќе можат да гласаат директно во некој пост или коментар.
Telescope, кои работеа со Фејсбук на гласања за NBA, WNBA и MLS All-Star натпревари, како и Teen Choice Awards на Fox, е првата компанија која ја разви оваа функција.
Фејсбук го олеснува и начинот на кој медиа партнерите ќе можат да прават анкети за публиката за време на директни емитувања. На пример, еден пост може да содржи слика и до 10 одговори. Резултатите потоа ќе можат да се интегрираат во директниот пренос.
- Фото и видео поднесувања
Фејсбук им дава на гледачите или кандидатите за некоја натпреварувачка емисија можност да поднесуваат фотографии или видеа директно до Фејсбук страните на емисиите. Тоа може да бидат видео прашања за дебати, смешни видеа за доцноноќни ток-шоуа или пак аудициски видеа.
Дополнително, продуцентите ќе можат да прават галерии кои ќе може да се вградат во Фејсбук страните на емисиите или во апликации. HBO го употреби ова за да го избере победникот во тековната сезона на Project Greenlight.
Telescope ќе ја овозможува функционалноста и за двете опции.
- Специјлизирани икони
Фејсбук ќе создаде специјализирани икони, слично како Твитер, за одредени настани како Оскарите, Еми наградите или спортски настани како Светските Првенства.