Изминатите неколку месеци, главна тема во светот на дигиталните реклами беше појавата на повеќе алатки за мерење. Имајќи го тоа на ум, Facebook објави две интересни иницијативи кои ги окарактеризира како тестови.
Првата е наречена Lift API, која ќе им овозможи на многу повеќе огласувачи, Facebook маркетинг партнери и други партнери од светот на мерењето да создаваат сопствени brand-lift истражувања за стапките за конверзија, продажбите и app инсталациите. Таа е базирана врз Lift measurement алатката која социјалниот гигант иницијално ја најави во Јануари 2015, и која беше употребена од повеќе од 1000 бизниси од различни индустрии за да ја измерат ефективноста на ракламите на Facebook преку нивниот објектив. Facebook често се потпира на brand-lift анализи, во соработка со брендовите, за да го продаде својот рекламен простор, така што компанијата постојано им дава на своите клиенти нови подобрувања со кои тие ќе можат да ја мерат ефективноста на нивните кампањи, со надеж дека така ќе ги зацврсти и зголеми своите приходи.
Второто подобрување има за цел да им помогне на маркетерите кои често имаат проблеми со осознавањето кои реклами довеле до конкретни реализации (продажби, пополнети формулари итн..), проблем кој се јавува поради ‘колачињата’. Facebook тестира нови полиња/категории во своите рекламни извештаи, кои “ќе им помогнат на огласувачите да разберат кои реклами луѓето или ги виделе или на нив кликнале пред да реализираат некое купување,” објаснија од компанијата.
“Луѓето откриваат производи на нови места, тие користат повеќе уреди при купувањето и тие купуваат и во продавници и онлајн, така што им ја отежнуваат работата на огласувачите да разберат кои нивни адвртајзинг напори даваат ефект. Мерењето преку ‘колачиња’ и кликови не се релеванти и често даваат погрешни одговори на тоа колку се ефективни рекламите и како луѓето стигнуваат од пронаоѓање на производот до негово купување. Затоа веруваме врз мерења базирани врз луѓе и конкретни методологии, кои попрецизно ќе покажат кои реклами даваат бизнис вредност,” додаваат од Facebook.
Facebook е најновиот голем играч кои објави надоградувања на алатките за мерење кои треба да им помогнат на адвертајзерите. Тоа веќе го направија Snapchat, Forusquare и низа други технолошки компании.